(Видео) Палестинците тргнаа, ги повикуваат и муслиманите

од desk2

Неколку илјади муслимани се упатија кон плоштадот во близина на Вратата на Дамаск во Ерусалим по молитвата во џамијата Акса.

Демонстрантите со себе носат транспаренти на кои пишува: „Ве повикуваме, армијо муслимани! Ерусалим – престолнина на калифатот“ и мавтаат со знамиња на палестинските групации, пренесе Спутник.

За време на молитвата имамот го прогласи Ерусалим за исламски град, а зборуваше за гневот и болката кои ги чувствува муслиманската заедница поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, со преместувањето на американската амбасада таму.

Како што оценуваат медиумите, учесниците по тие зборови аплаудирале.

Во меѓувреме, избија немири меѓу демонстрантите и припадниците на израелската полиција, а според извештаите од терен има и повредени.

По пладневната молитва стотици демонстранти во Хеброн, Витлеем и Рамала својот гнев поради одлуката на Трамп го изразија со фрлање камења на израелските сили на безбедност кои одговорија со солзавец и со гумени куршуми.

Повеќе илјади луѓе во појасот Газа излегоа на улица. Протестираа и повеќе стотици Јорданци во центарот на Анам по молитвата извикувајќи: „Ерусалим е арапски“.

Протести се организирани и во пакистанските градови Карачи и Лахор, каде демонстрантите бараат од владата на Пакистан прекин на дипломатските односи со САД.

Повеќе стотици луѓе се собраа и во Техеран извикувајќи „Смрт на Америка“ и „Смрт за Израел“, а иранските медиуми јавија за слични протести и во другите ирански градови. Се протестира и во Авганистан, каде во Кабул се собраа повеќе стотини демонстранти.

Агенциите пренесуваат дека во малезиската престолнина Куала Лумпур пред американската амбасада демонстрирале повеќе од 1.000 муслимани, а демонстранти има и пред амбасадата на САД во Џакарта, Индонезија, најмногубројната муслиманска земја.

Судири со полицијата забележани се и во градовите на западниот брег на реката Јордан, покрај Хеброн и Калкили, каде се проценува дека се повредени повеќе од 40 демонстранти.

Слични содржини