sobranie

Протестот на граѓаните, наречена Шарена револуција и вечерва започна пред СЈО. Граѓаните се упатуваат кон Собраниението  на Република Македонија. Нивниот број постојано се зголемува. Инаку, наа насобраните граѓани им се делат шарени балони. Денешниот протест е посветен на борбата против корупцијата.

Во најава за денешниот протестот на социјалните мрежи се наведува:

„Слушнавме како се употребуваат јавни институции за партиски цели. Како режимот користи инспектори за да се пресметува со противници. Како се договараат огромни провизии. Сето тоа е корупција. Корупција значи иструленост и расипаност. Корумпирани институции значат иструлени институции. Институции кои не работат за граѓаните, туку против граѓаните. Во сето ова време, откако слушнавме за раширената корупција, Државната комисија за спречување на корупција молчеше. Денес ќе ги „поздравиме“ за овој нивен молк и ќе побараме одговорност“, се вели во најавата за протестот./

Слични содржини