Денеска во 18 часот граѓанското здружение „Протестирам“, најавува нов протест што ќе почне пред СЈО.

“Ние, граѓанките и граѓаните кои во борбата за правда и демократија, здружени протестираме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, нагласуваме дека преговори во овие услови се неприфатливи“, пишува Протестирам на својата фејбук страница.

Денеска на протестите ќе излезат и граѓаните на Кочани и ‎Кавадарци‬, а закажани се протести во Прилеп, Охрид и Струмица.

Поддршка за нив пристигна и од Германија.

Слични содржини