(ВИДЕО) Политичката криза-дополнителен услов за членство на Македонија во НАТО

од Vladimir Zorba

nato-forum_ohrid

Македонија сериозно треба да се посвети на решавање на политичката криза, бидејќи ова прашање на последниот самит на НАТО во Варшава стана дополнителен услов за членство на земјата во алијансата, посочува Телма.

Ова го истакнаа од Маршаловиот центар, во чија организација денеска во Охрид се одржува Безбедносент форум посветен на одлуките од самитот на НАТО во Варшава и нивните последиви по регионот.

-Оттука треба да се посвети внимание на претстојните парламентарни избори, на слободата на медиумите, независноста на институциите, како дополнителни прашања кои го оптаваруваат нашиот влез во НАТО, смета Стојан Славевски, претседател на Маршаловиот центар во Македонија.

Амбасадорот на САД Џес Бејли, истакна дека НАТО не е само одбрамбена структура, туку заедница на земји кои промовираат вредности, демократија, владеење на правото и слободи. Според министерот за одбрана Зоран Јолевски, Македонија останува посветена на својата цел да стане членка на НАТО, што го потврдуваат и реформите за модернизација Армијата.

Целиот текст можете да го шрочитате тука

 

Слични содржини