(ВИДЕО) Потпишан Договор за настап на локалните избори помеѓу партиите што се дел од коалицијата предводена од СДСМ

од Vladimir Zorba

Претседателите на 22 партии дел од коалицијата предводена од СДСМ, денеска потпишаа Договор за заеднички настап на локалните избори под мотото „Живот во Македонија за сите“.

– Формиравме предизборна колаиција предводена од СДСМ за следните локални избори. Настапуваме отворено, го слушнавме гласот на граѓаните кои избраа заедништво, наспроти поделби, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој додаде дека сменета е политичката клима во Македонија и дека граѓаните се ослободени и веруваат во промени.

– Граѓаните од целото општество имаат шанса да учествуваат во промените и тоа го прават. Затоа сум убеден дека оваа колаиција по промената на централно ниво ќе донесе и промени на локално ниво на изборите на 15. октовмри и ќе донесе живот за сите граѓани во Македонија, рече Заев.

Слични содржини