(ВИДЕО) Пред 18 години – со советско чудо Србите го соборија невидливиот F-117

од desk2

 

Во рамките на одбележувањето на Денот на сеќавањето на настраданите од агресијата на Нато, пред воениот музеј на Калимегдан во Белград е поставен ракетниот систем С125 Нева.

Со тој систем пред 18 години е соборен амеркиканскиот невидлив бомбардер со стелт технологија F-117.

За време на церемонијата на поставувањето на лансирната рампа 5P73 и ракетата 5V27D / U, државниот секретар на Министерството за одбрана на Србија, Ненад Нериќ рече дека овој музејски експонат треба да симболизира живот -„на сите оние кои повеќе не се со нас„.

„Не е лесно да се сеќаваме на моментите кога се отвораат старите рани, бидејќи постојат оние кои никогаш не зараснуваат, а постојат и моменти кои никако не можат да се заборават.Честа која им ја правиме на настраданите војници, полицајци и цивили, нека биде нем сведок на трагичните настани„ рече Нериќ.

Покрај претставници на Министерството на одбрана на војската на Србија при поставувањето на експонатот присуствуваа и членовите на борбената единица од 3 ракетен дивизион на 250 ракетна бригада на противоздушната одбрана на Војската на екс Југославија, кои на 27 март 1999 година го соборија F-117.

godine.

Слични содржини