(ВИДЕО) Предпладневна изборна хроника

од desk3

Навистина ми е жал што морам на ваков начин да се обратам за една значајна тема, но не ми останува друг начин бидејќи мојот политички опонент избира термини кога сака да зборува на телевизии а за тие термини ние не добиваме никаква покана.

И на ваков начин ќе морам да ви се обратам за темата која е најважна за сите граѓани на Република Македонија. Станува збор за просечната плата. Се надевам дека нашите политички противници ќе се одважат и ќе почнат да излегуваат на дебати за да можеме да ги соочиме пред целата македонска јавност нашите ставовите за битни прашања.

Ако му верувате на официјалниот Завод за статистика, просечната плата во Македонија е околу 21.000 денари. Меѓутоа сите ние што живееме во Република Македонија и што едвај врзуваме крај со крај знаеме дека тоа е далеку од вистината. Најмалку 30 до 40 проценти од сите луѓе за кои се тврди дека земаат просечна плата од над 21.000 денари, не земаат ништо или не земаат плата во тој износ со месеци. И да е таа бројка точна, и да претпоставиме дека таа бројка е факт што не е, и со таа просечна плата Македонија е на дното на регионот на Западен Балкан, ако се споредува со било чија просечна плата од БИХ, преку Црна Гора, Србија, Албанија па се до Косово.

Нашата заложба која ќе ја спроведеме веднаш по 11 декември е просечната плата во првите 4 години од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ да биде 30.000 илјади денари. Тоа ќе биде реална плата во целиот износ, а не фиктивна како што сега стои во соопштенијата на државниот Завод за статистика, напишани во Штабот на владеачката партија.

Зошто го правиме ова? Затоа што за нас, секој човек и секој работник е важен!

gruevski-od-struga-1

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во 4 Изборна единица Никола Груевски денеска најави продолжување на мерките и проектите за отворање нови работни места со кои во следниот четиригодишен период се планира да бидат отворени нови 70.000 работни места.

Пред жителите на Конче Груевски најави сто нови вработувања со рестартирањето на рудникот за бакар „Боров Дол“ за кој во постапка е доделување концесија. Инвеститорот, како што посочи Груевски, планира да вложи во рудникот 87 милиони евра.

Осврнувајќи се на мерките насочени кон новите вработувања, Груевски рече дека во изминатиот период се отворени 160.000 нови работни места, од кои само во последните 2,5 години се отворени 39.000 работни места.

Најави дека и во иднина ќе продолжат проектите за поддршка на руралните средини. Меѓу нив го спомена проектот за професионални земјоделски советници кои ќе бидат плаќани по капитација и кои ќе треба три до четири пати да го посетуваат земјоделецот.

Груевски рече дека ќе продолжи субвенционирањето на земјоделците со нови 600 милиони евра, како и распределбата на субвенциите за тутунот.

– Нашата Програма не случајно се нарекува „Реално“ затоа што се што е содржано во неа ќе се оствари, истакна Груевски, додавајќи дека граѓаните на овие избори имаат две опции – или да гласаат за онаа која што создава и реализира или, пак, за онаа која разградува и се бори за кантонизација на државата.pres-trajanov-jo

Режимот ќе падне. Тоа е пораката на големиот број стопанственици и граѓани од Скопје. Во разговорите граѓаните искажаа поддршка на Коалицијата за Промени и Правда и подготвеност на 11-ти декември да направат пресврт, гласајќи за кандидатите за пратеници од Коалицијата за Промени и Правда.

 

По разговорите со граѓани во Скопје, Коалицијата за Промени и Правда одржа прес конференција за која, Павле Трајанов, носител на правата изборна единица нагласи:

 

Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, го повикува Јавниот обвинител на Република Македонија, по „чуен глас“, за кршење на Изборниот законик, да презема законски мерки за документирање на тие случаи и отвори предистражни постапки. Тој е државен орган, кој по службена должност, ги открива и гони сторителите на кривични дела.

На Јавниот обвинител, му се на располагање сите државни институции, вклучително и министерството за внатрешни работи.

Пасивниот однос, значи солидарност со владејачките партии, посебно со ВМРО-ДПМНЕ и нивните активисти, кои деновиве како разулавена банда, ги тероризираат и притискаат граѓаните и фирмите да учествуваат на митинзи и да гласат за нив.

pres-slobodan-jo

Според досегашните информации, директори на јавни претпријатија, на основни и средни училишта, раководители во министерства, државни агенции и во други институции, ги уценуваат вработените да присуствуваат на митинзи и да гласат за владејачката партија.

Активисти на ВМРО-ДПМНЕ, вршат селекција на влијателни фамилии и поединци, за да преку нив купуваат гласови, потоа им се закануваат на граѓани и фирмите што должат, ако не гласат за нив, дека ќе им пратат извршители, дека на фирмите нема да им биде исплатен долгот за извршени работи од страна на Владата и општините односно не да им го вратат ДДВ и сл.

Сакаме да им порачаме на сите кои ги кршат законите, дека режимот ќе падне и за тие злодела ќе одговараат.

Ќе одговараат и тие што ги плашат граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ знае кој како ќе гласа, што е нотарна глупост, бидејќи гласањето е тајно. За кршење на изборните правила, предвидени се строги казни вклучително и за повреда на тајноста на гласањето.

pavle-gtc

Јове Кекеновски, носител на втората изборна единица рече:

Коалицијата за промени и правда ги потсетува граѓаните на Република Македонија да не подлегнуваат на притисоците од партиските агитатори, а на партиските војници да не си играат со огинот и да не го прекршуваат Изборниот законик.

Сите оние кои индивидуално или злосторнички здружени нема да го почитуваат и свесно ќе го прекршат законот треба да знаат дека санкциите за сторените кривични дела во Изборниот законик се ригорозни. Така на пример:
• Спречување на одржување на изборите и гласањето,
• Повреда и злоупотребата на избирачкото право,
• Повреда на слободата на определување на избирачите,
• Поткупот при избори и гласање,
• Повреда на тајноста на гласањето, уништувањето на изборниот материјал, злоупотребата на слобода на гласање и
• Изборната измама

За сите овие кривични дела предвидена е казна од најмалку 3 односно 5 па и повеќе години.

Затоа апелираме до сите да се придржуваат до Законикот и да не се обидуваат свесно или не свесно, под наредба или под влијание да го кршат истиот.

Слободан Богоески рече дека сме на лице место на злочинот, каде се потроши над 800 милиони евра за споменици и стиропор згради. За ова мора да се одговара. Стотици милиони евра се украдени преку Проектот „Скопје 2014 година“.

Трајанов посочи дека анализите покажуваат дека минималната плата треба да изнесува 300 евра, предлог кој ВМРО-ДПМНЕ го отфрли во Парламентот, со што покажа не грижа спрема работникот.

На крај Павле Трајанов побара поддршка од граѓаните за да владее правото, законите да важат за сите подеднакво, како прв чекор за утврдување на одговорноста на државниот врв за злосторството што го направи кон народот.

Режимот на 11-ти декември ќе падне.

Секој што ќе направи изборен криминал ќе одговара.

Само со промени може да започне процесот на стабилизација.

Не се плашете режимот ќе падне.

 

silegov

 

Ностителот на листата за пратеници во Шестата изборна единица од опозициската коалиција предводена од СДСМ, Петре Шилегов, денеска посети повеќе приватни погони во село Лешок, општина Теарце, а се сретна и со жители на ова село.

Главни теми за разговор, како што рече Шилегов, биле проблемите со ниските плати, невработеноста и иселувањето на младите. – Тука сме да го соопштиме нашиот План за живот во Македонија што ќе овозможи вработување на младите, зголемување на просечната плата во Македонија до 2020 година во висина од 30 илјади денари, а минималната плата на 16 илјади денари. Тука разговаравме и за нивното секојдневие, бесправната сеча на шумите, за недостатокот на канализација во општина Теарце во 21 век, изјави Шилегов.

Во Македонија, додаде, мораме да ја придвижиме економијата и да запре иселувањето на младите.

– Приватните погони што ги посетивме во Лешок се пример за тоа како треба да изгледа економијата и тие и сличните на нив ќе добијат државна помош што за следните четири години треба да изнесува 140 милиони евра. Нашата цел е да го шириме планот за живот во Македонија и да изградиме демократска, современа и европска Република Македонија, рече Шилегов.

levica-savevski

 

Носителот на кандидатската листа за пратеници од партијата Левица во ИЕ5 Здравко Савевски денеска јавно изјави дека тој и нивната партија се против зголемувањето на старосната граница за одење во пензија.

Според Савевски донесувањето на таква одлука ќе биде на штета на системот и врз грбот на работниците.

– Светската Банка минатата недела најави дека препорачува  да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67 години за мажи и 65 години за жени. Имајќи го предвид фактот дека сериозни се проблемите со финансирањето на пензискиот систем и дека останатите партии немаат социјален сенс, според нас голем е ризикот дека по изборите ќе дојде до зголемување на старосната граница за одење во пензија и во таа смисла Левица категорично е против решавање на проблемите со пензискиот систем на грбот на работниците како што тоа постојано се случува. Левица ќе се бори против зголемувањето на старосната граница за одење во пензија бидејќи големи се проблемите во пензискиот систем кои датираат со погрешните реформи во 2000 година и со намалувањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување во 2009 година, рече Савевски на предизборната средба со битолчани.

Посочи дека е потребно да се зголеми придонесот за пензиско и инвалидско осигурување и мерки за домаќинско работење во Фондот за ПИОМ, а не решавање на проблемите врз грбот на работниците.

Слични содржини