(ВИДЕО) Предвремени избори на 11-ти декември?!

од Vladimir Zorba
Стравовите на Зоран Заев дека партнерите ВМРО-ДПМНЕ- ДУИ  работат на уривање на изборниот процес се остварливи, коментираат аналитичарите – информира 24Вести.
На владејачката коалиција и оди во прилог хаотична ситуација во која може да ги контролира сите институции ама не и СЈО, смета аналитичарот Сашо Ордановски.
Од друга страна аналитичарот Сашо Клековски писмото на Заев до странците го толкува како своевиден притисок до власта. Но, вели рано е да се калкулира дали ќе се одложат изборите.
Заев вчера испрати писмо до странските амбасадори во кое вели дека политичките опоненти работат против изборите и го злоупотребуваат судскиот систем.
„Натамошната политичка инструментализација на Уставниот суд и неговото неизјаснување за уставноста на Законот за СЈО, може да предизвика темелна деструкција на политичкиот процес и очекувањата за демократска разврска на постојните политички конфронтации“.
Од ВМРО-ДПМНЕ  денеска му одговорија дека се жали по амбасади бидејќи знае дека ќе изгуби на изборите.
Целиот текст може да се прочита тука

Слични содржини