(ВИДЕО) Проф. Трендафилов открива 3 причини зошто се поплавија Стајковци, Ченто и Арачиново

од Vladimir Zorba

На картата на ерозии регионот кој го зафатија поплавите е обележан со црно. Падините на Скопска Црна Гора и Арачиновскиот рид уште пред 5 години важат како втора категорија површини на кои дрвјата се исечени, а водите од дождовите патуваат со огромна брзина кон населените места.

Одговорите како дошло до несреќата ги побара Телма во домот на Универзитетскиот професор и експерт за ерозија, Александар Трендафилов, кој направил реконструкција на поплавата.

pavle_17[1]

Понатаму, според Трендафилов, водата стасала под падините, за потоа да се заезери и да се собере огромна количина вода пред вештачката брана – скопската обиколница.

 Ништо од ова не би се случило доколку надлежните би се гриежле и би го одржувале системот од канали за одведување. Од оваа мапа стара 70 години се гледа колкава мрежа на канали постоела токму во овој скопски регион , а оттогаш дел уништена или затрупана во смет.

Од осамостојувањето место да се основаат тела кој ќе се занимаваат со водите, сега надлежностите се поделени меѓу миниситерството за животна средина и миництиерствотвто за земјоделство.

Државата ниту води сметка ниту пак прави истражувања за можните последици од поплави и ерозија. Трендафилов од својот дом не испрати со загрижувачка порака дека доколку оваа количина вода паднела на падините на Водно жртвите би се броеле во илјадници, токму заради обезшумувањето и изградабата на станбрни згради над црвената линија во скопската парк шума.

Слични содржини