(ВИДЕО) Пронајдени остатоците од потопениот крстосувачот кој ја пренесувал атомската бомба фрлена врз Хирошима

од Vladimir Zorba

Пронајдени остатоците од крстосувачот “Индијанаполис”, кој Јапонците го потпија во 1945 година. Тој влегува во историјата познат по топ-тајната мисија за испорака на компонентите за атомската бомба фрлена над Хирошимa, пренесоа светските агенции.

Бродот е потопен од јапонска подморница и бил откриен во Тихиот океан, на длабочина 5400 метри.

13 цивили нуркачи го истражувале морското дно во реонот на несреќата, но засега точната локација нема да се објавува.

Индианаполис влезе во историјата по супер-тајната мисија за снабдување на делови за првата атомска бомба наречена “Бебе” во воената база на воздухопловните сили на САД на Тијан.

Малку подоцна, на 29 јуни 1945 година, нешто повеќе од еден месец од нуклеарното бомбардирање на Хирошима, бродот е потопен од јапонската подморница I-58.

Дванаесет минути откако е погоден од торпедо, бродот со 1196 патници потона. Само 316 членови на екипажот успеаја да спасат.

Бродот влегол во употреба на американската морнарица на 15 ноември 1932 година. Развивал брзини до 60 км / ч.

По завршувањето на неговата поправка во летото 1945 година, капетанот на крстосувачот Чарлс Батлер Меквеј неочекувано бил повикан во седиштето на поморската база. Тој наредил да се подготви бродот за испловување кон бродоградилиштето Хантер Поинт.

По некое време таму пристигналт генерал Лесли Гроус и контраадмирал Вилијам Парнел. Генерал Лесли Гроус раководел со проектот “Менхетен” – создавањето на атомската бомба. Маквјеј ништо не знаел за овој проект и не е информиран и за товарот кој бил превезуван на бродот. Само го информирале дека на бродот треба да се стави посебен товар и група офицери.

Капитенот добива пакет со назнакаа “Топ Сикрет”, во кој се содржат информации за крајната цел на товарот. Најважниот дел од специјалниот товар е сместен во командирскиот салон, таму се наоѓале само офицери.

На 26 јули 1945 година “Индијанаполис” фрла сидро крај островот Тиниан во Маријански алхипелаг. Тоа утро товарот е прекачен на друг брод. По неколку часа капитенот на “Индијанаполис” добива наредба да плови кон Гуам. На 27 јули, околу 10 часот, “Индијанаполис” влегува во пристаништето на најголемиот остров од Маријански Острови – Гуам.

Откако добива гориво, бродот со максимална брзина се насочува кон Филипините острови. На 28 јули “Индијанаполис” го поминува последниот пат. Никој и ништо не го предвидува трагичниот крај. Капитенот Маквеј мирно спил во кабината кога избувнувала силна експлозија. Маквеј, покриен со чад се појавува на палубата, а потоа се враќа во кабина за  да си ја земе облек, но по патот имал средба и со капетан-Мур, кој го информирла дека предниот дел на бродот се полни со вода.

Слични содржини