На местото на разбивањето на рускиот авион на Синајскиот полуостров во Египет се пронајдени телата на 100 лица. Ова го соопшти РИА Новости, повикувајќи се на спасувачи, кои работат на местото на инцидентот.

“Авионот се поделил на две. Извадивме најмалку 100 тела, останатите се наоѓаат внатре “, рече портпаролот на египетската спасувачка служба.

Претходно беше објавено дека спасувачите слушнале гласови во еден простор на урнатиот руски авион. Тоа го пренесоа агенциите, повикувајќи се на претставник на властите на местото на несреќата.

0000281589-article2

Спасувачките екипи се обидуваат да влезат таму и се надеваат дека ќе најдат преживеани.

Сите 224 патници на урнатиот во Египет авион биле државјани на Русија. Во авионот имало 217 патници, меѓу кои 17 деца, како и 7-член екипаж. Во листата на патниците фигурираат заменик-шефот на Псковска област Александар Купилов и неговата сопруга.

Според последните податоци е пронајдена една од црните кутии на авионот.

Главниот обвинител на Египет Набил Садек нареди истрага на денешната несреќа во земјата , пренесоа агенциите, повикувајќи се на негов соработник. Тој наредил на обвинителски тим да оди на место и да се истражуваат урнатините.

Во моментов египетските власти не ја утврдиле причината за несреќата, изјави владин претставник, цитиран од агенциите.

Претходно тие ја исклучија можноста за терористички акт.

Авионот се урна во реонот на нестабилниот Синајски полуостров, каде се активни исламистички бунтовници.

Според податоците на специјализираниот интернет портал Flightradar24.com брзината на “Ербас А321” на руската авиокомпанија “Когалимавиа” падна нагло, пред да биде изгубена врска со него, пренесоа уште ТАСС.

Авионот полетал од египетското летувалиште на Црвеното Море Шарм ел Шеик во 6.51 часот по московско време . Во 7.17 часот по московско време тој не влегол во врска со диспечерите во Ларнака, Кипар, и исчезнал од радарите, соопштија порано официјални извори.

Според податоците на специјализиран авио портал, авионот се движел во 7.11 часот по Московско време со брзина од 748 км / ч на височина од 10 210 метри. Две минути подоцна брзината веќе паднала до 341 км / ч, а потоа – до 172 км / ч. Тогаш авионот се наоѓал на висина од 8649 метри. Потоа врската со него била изгубена.

Претходно извори од Каиро изјавија дека причина за несреќата може да е откажување на мотор.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до роднините на жртвите во несреќата со рускиот авион во Египет. Путин нареди на неколку министерства да покажат итна помош на роднините на загинатите.

Роднините на жртвите почнаа да се собираат на аеродромот Пулково во Санкт Петербург. Во моментот администрацијата на аеродромот се подготвува да ги однесе заедно со голема група новинари во близок хотел, каде што ќе биде дадена изјава за ситуацијата. Руското Министерство за вонредни ситуации отворило жешка линија за роднините на патниците.

Руското главно обвинителство организирало истрага за случајот. Портпаролот на истражниот комитет (ЦК) на Русија Владимир Маркин изјави дека СК формирало кривично дело за несреќата за “Прекршување на правилата за безбедност при летови или подготовка за нив”. Руски иследници заминуваат за Египет, за да учествуваат во истрагата за несреќата.

Слични содржини