#Протестирам ја обоија Агенција за вработување.

Книшка, плата, клати врата, испишаа припадниците на #ШаренаРеволуција

Откако ја офарбаа зградата на Агенцијата за вработување, демонстрантите се упатија кон Министерството за економија каде има засилено полициско обезбедување. Тами тие исто така ја обоија зградата на министерството.

Наврши веќе еден месец од таканаречената шарена револуција, со што протестите станаа едни од најдолгите во современата историја на Македонија. Деенеска исто така протестот започна пред СЈО, а пораката е ” Младите си отидоа, партијата се вработи!!!”

Меѓу демонстрантите се делат пари со ликот на Мирка Велинова .

 

Демонстрантите застанаа и кај ДИК и извикуваа во знак на одобрување за одлуката на ДИК дека нема услови за избори.

;

Слични содржини