Неколку илјади граѓани денеска повторно протестираат против одлуката на Претседателот Иванов за аболиција на 56 лица. Присутните изразуваат незадоволство од постапките на Иванов, од кого бараат да понесе одговорност и оставка од функцијата, информира Телма.

protest_protiv_ivanov

Протестот засега се одвива пред зградата на македонското собрание и нема информации дали демонстрациите ќе продолжат на друга локација. Бројот на присутните расте од минута во минута а присутно е и силно полициско обезбедување. Засега нема регистрирано никакви инциденти и протестот се одвива мирно.

Видеото од револтот на граѓаните можете да го видите тука

Слични содржини