(ВИДЕО) Реакција на судската администрација

од desk2

По судиите и судската администрација реагира на покачувањето на платите на јавните обвинители. Обвинителите добиле покачена февруарска плата со одлука на првиот човек на обвинителството Марко Зврлевски, додека за судиите и администрацијата нема додатоци на плата, информира ТВ24.

Првиот човек на УПОЗ вели дека судската служба е дискриминирана со години, а дополнително нивните плати беа скратени за 40 % по протестот со кој бараа израмнување на додатоците на плата со обвинителите и судиите. Раководството на УПОЗ побарало средба со министерот за правда Валдет Џафери и со претседателот на Врховен суд, но не добило одговор.
УПОЗ бара оставка од првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџоски. За идните чекори и евентуалниот протест допрва ќе се одлучува.

Слични содржини