Американски тинејџер нареди коцка на Рубик за 5,25 секунди, поставувајќи нов светски рекорд.safe_image

Младиот Колин Барнс го собори рекордот за време на трката во Пенсилванија, организирана од Светската асоцијација за редење на  Рубикова коцка (има и таква!). Претходниот рекорд од 5,55 секунди беше од 2013 година.

Според зборовите на Тим Рејнолдс, претставник на Здружението, Барнс го поставил рекордот во класичното натпреварување. Во него коцката на Рубик е составена од стандардните 9 површини. Се очекува постигнувањето да биде внесено во Гинисовата книга на рекорди.

Барнс е шампион на САД од 2014 година. Побрз од него е само роботот CubeStormer 3, создаден од британски инженери. Во март 2014 година роботот нареди коцка на Рубик за 3,25 секунди. За разлика од Барнс сепак, CubeStormer 3 има 4 раце.

Слични содржини