(ВИДЕО) Роберт де Ниро: Сакам да го удрам Трамп во лицето

од desk3

Роберт де Ниро упати жестоки критики против кандидатот за претседател на Републиканската партија Доналд Трамп. Во видео направено за независна кампања за промовирање на гласањето, актерот изрази крајно непријателство кон политичарот.

image_5801623_126
“Тој е никаквец, тој е куче, тој е свиња”, вели во видеото ѕвездата. “Некадарниот кој не знае што зборува, не си ја пишува домашна, не му е грижа”, продолжи 73-годишниот добитник на “Оскар”, цитиран од “Хафингтон пост”, соопшти БГНЕС.
Жестокиот говор на Де Ниро е снимен за време на клип, во кој познати личности ги повикуваат Американците да гласаат на претстојните избори за претседател во ноември. Актерот сепак излегува од сценариото и го сподели своето мислење за Трамп. Верзијата во која тој зборува за кандидат-претседателот сепак не влегува во финалната верзија на видеото.
Телевизија “Фокс њуз” ги про шири кадрите кои се веќе видени од над половина милион луѓе на Фејсбук. “Тој е толку бесрамно глупав”, додава Де Ниро, кој признава дека би сакал да го удри Трамп во лицето. Во август актерот вели дека е “лудост” тоа што има Американци кои го поддржуваат милијардерот.

“Тој дури и не мора да биде таму каде што е, па нека Бог ни е на помош”, изјави тој за време на филмскиот фестивал во Сараево. Претходно денеска “Вашингтон пост” објави скандалозно видео на Трамп од 2005 година, во кој тој дискутира со жени и пристапува кон нив со вулгарен и сексуално агресивен јазик. Триминутното видео претставува дијалог меѓу републиканецот и водителот Били Буш на пат кон сетот на Сапунската опера “Деновите на нашиот живот”. За време на разговорот Трамп открива со гордост како бесрамно заведувал мажена жена. Според “Вашингтон пост” тоа се случило само седум месеци по склучувањето на бракот со неговата жена Мелани. Тој дури разговара за тоа како би се нафрлил на актерката Аријана Зукер додека таа оди кон него. “Кога си ѕвезда, тие (жените) ќе ти дозволат да го направиш тоа (да ги бакнуваш, зграпчиш). Се ти е дозволено … Можеш да правиш што сакаш. “, објаснува тој.

Слични содржини