parada

Русија овојпат најде нов начин да ги изненади сите – одржа Парада на Победата дури и во сириска Латакија, пренесува германската телевизија N24.

Во Русија Денот на Победата над нацистичка Германија веќе со години се празнува со огромна помпа. Се фрла поглед наназад, а не напред. Годинава Кремљ смисли нова особеност: воена парада во Сирија, која треба да потсетува за триумфот над Хитлер, соопштува германската телевизија N24, а пренесува ИНО ТВ.

Германската телевизија смета дека пораката на оваа воена парада е „На нас секогаш треба да се смета“. Кремљ ја празнува победата над нацистичка Германија, одржана пред 71 година, дури и во својата авиобаза во сириска Латакија. Кадрите можат да предизвикаат изненаденост кај Западот, затоа што многумина поверуваа дека руската војска ќе ја напушти Сирија.

Дописникот на N24 Кристф Ванер вели: „За повлекување на руската војска од Сирија не може да стане ни збор – ова меѓу другото го докажува и оваа воена парада. Без учество на Кремљ во догледна иднина на Блискиот и Среден Исток ништо нема да се случи“.

Видеото од парадата на руските сили во Латакија во Сирија можете да го видите тука

Слични содржини