“Меѓу водечките мои приоритети како амбасадор ќе биде активно да објаснувам на различни групи во цела Бугарија, особено на младите луѓе и на оние кои немаат традиционални врски со Америка, колку е важно дека имаме заеднички вредности и цели како сојузници во НАТО и евра -атлантскатазаедница. Добрата вест е дека Бугарија е членка на НАТО и ЕУ, но има и постојано “удирање по тапани” дека Бугарите никогаш нема да бидат прифатени добро таму дека треба да се откажат од западниот проект и да се вратат кон “вистинскто место “. Тоа се шири од локални медиуми и различни групи кои примаат пари за да го прават тоа. Мислам дека како работиме со нашите природни пријатели кои се мнозинството од Бугарите и од пратениците, со својот тим ќе го имаме предвид ова прашање и треба да се најдат ресурси за реагирање во вакви случаи. ”

zx450y250_2663434

Тоа го изјави Ерик Рубин, номиниран за нов амбасадор на САД во Софија во својата изјава пред Анкетната комисија за надворешна политика, која треба да ја одобри неговата кандидатура.

Така тој одговори на сенаторот Џин Шахијн од Њу Хемпшир, која изјави дека не разговарала со Бугари, но кај нејзини средби со луѓе од Источна Европа станувало збор за руското влијание, пропагандата и финансирање од Москва во областа. Затоа таа праша дали во Бугарија тоа предизвикува тревога и што би можел да направи Рубин како амбасадор во Софија.

Под закана да биде избркана од Шенген, Грција прифати помош од ЕУ за бегалците

Во своето воведно обраќање тој рече уште: “Потенцијалот на Бугарија е во способноста да премине од едно минато поврзано со корупција и криминал. Владеењето на правото влијае на секој елемент од напорите кои ги споделуваме со оваа земја, каде корупцијата е сеуште е масовна појава . ”

Рубин вели дека за прв пат го посетил Бугарија во 1991 година. за подготовка на првиот дијалог за прашањата на безбедноста и размената на посети меѓу војската по крајот на Студената војна.

Тој потсети дека во јануари државниот секретар на САД Џон Кери објавил при посетата на Бугарија создавањето на 4 заеднички работни групи – за национална безбедност и одбрана, енергетска безбедност, образование и врски меѓу луѓето и за владеење на правото. Тие беа толку добро прифатени, што неодамна додадовме петта – за борба против тероризмот, која имаше прв состанок минатата недела, додава Рубин.

Во Србија исто така веќе на големо се шири руска пропагнада и тоа властите не го кријат. Ова се дел од видеата кои се шират на интернет или се емитуваат од локалните медиуми.


Српските власти засега не преземаат ништо во врска со тоа. Таму денеска е рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој уште еднаш го потврди сојузништвото меѓу Србија и Русија.

0277602001449234651_511516_600x458_actualno

“Русија и Србија секогаш биле сојузници, такви се и сега”, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со српскиот колега Александар Вучиќ.

“Здрав економски фундамент на нашата соработка гарантира проекти од заемна корист”, изјави Лавров. Тој најави дека во почетокот на јануари 2016 година на седница на Меѓувладината комисија за трговска и економска соработка ќе бидат разгледани нови економски партнерства меѓу двете држави. Лавров ја изрази уште подготвеноста на Русија да учествува во приватизацијата на државните претпријатија, која во моментов сја подготвува српската влада.

“Нашите односи се потпираат на вековите соработка, солидарност и заемна помош”, рече рускиот министер. “Ние сме биле сојузници во сите тешки моменти, вклучувајќи и до денес”, изјави Лавров.

Тој додаде дека Русија ја поддржува политиката на Србија на Балканот. “Го поддржува ставот на Србија и премиерот Вучиќ за нормален живот, стабилна и заемно корисна соработка на Балканот”, рече шефот на руското Министерство за надворешни работи.

Претходно денеска Лавров оствари средба и со германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.

Слични содржини