(Видео) Руски хеликоптер ги гаѓал своите

од desk2

Руските портали објавија дека две лица се повредени за време на воената вежба „Запад 2017“ на западот на земјата, кога хеликоптер по грешка испалил проектили кон паркирани возила.

На видео-снимката, објавена на порталот “66.ru news”, се гледаат два хеликоптера во низок лет, а еден од нив испалува ракета која експлодирала недалеку од група луѓе кои ја гледале вежбата.

Порталот наведува дека две лица се повредени, а две возила се уништени, како и дека инцидентот се случил во недела или во понеделник, пренесува AP.

Руската војска ја потврди веродостојноста на видео-снимката, но демантираше дека тоа се случило во понеделникот. Сепак, не потврдија ни кога и каде се случил инцидентот, а тврдат дека никој не е повреден.

Reuters наведува дека видео-снимката ја објавил порталот “Fontanka.ru” и дека на неа се гледа хеликоптер како испалил повеќе ракети на воен камион прекриен со камуфлажна мрежа.

 

 

 

Слични содржини