(ВИДЕО) Руски и турски воени авиони, за прв пат нападнале објекти на Исламска држава во Сирија

од Vladimir Zorba

Активирани се 17 авиони, нападнати се 36 објекти на исламистите во областа Алепо.


ВКС на Русија и воздухопловните сили на Турција денеска извршија заедничка воздушна операција против терористите од “Исламска држава”. Од Генералштабот на Вооружените сили на Русија соопштија дека операцијата се одвивала во предградијата Ел Баб во провинцијата Алепо.
Во заедничката операција на Русија и Турција биле активиранит 17 авиони, кои погодиле 36 објекти на терористите. Од ВКС на Русија биле ангажирани 9 авиона, вклучувајќи Су-24М, Су-25, како и Су-34. Од турска страна во бомбардирањето учествувале осум авиони – четири F-16 и четири F-4.

Од Генералштабот на Вооружените сили на Русија соопштија уште дека операцијата е усогласена со сириското раководство и бил окакаркаризиран како високо ефективен.

Претходно беше соопштено дека Пентагон го поздрави договорот меѓу Русија и Турција за летовите над Сирија.

Слични содржини