ВИДЕО: Самоил Малчески им се приклучи на „реформаторите“ на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Самоил Малчески се приклучи на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и најави дека и другите членови на Форумот на слободоумни патриоти ќе ја поддржат оваа иницијатива, пренесува Макфакс.

„Јас одамна зборувам дека се потребни реформи во ВМРО-ДПМНЕ за да се спаси партијата. Ова е единствен начин да си ги спасиме партијата и државата. Форумот беше првата организирана структура која побара реформи во партијата. Целта е иста – враќање на ВМРО-ДПМНЕ на победничките патеки. Јас бев меѓу првите кои јавно проговорија дека раководството на партијата треба да замине во историјата. Денеска одлучив да изразам јавна поддршка“, рече Малчески.

Во однос на изјавата на Никола Груевски дека претседателот на партијата е одговорен ако ги изгубат локалните избори, Малчески вели дека сите анкети покажуваат пораз на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори и, според него, ако Груевски мислел на доброто на партијата, досега веќе требало ќе си поднел оставка.

Слични содржини