(ВИДЕО) СДСМ најави ревизија како Канчевска одлучила за финасирање на проектите

од Vladimir Zorba

Социјалдемократскиот сојуз најави дека ќе преиспита од која позиција Министерката за култура во заминување, Елизабета Канчевска Милевска, ја потпишала Годишната програма за култура. Од СДСМ обвинуваат дека преку неа, Канчевска Милевска лично им се одмаздува на уметниците кои јавно ја критикуваат власта, информира 24Вести.

Ова следува откако Министерството за култура ја објави Годишната програма со проекти на кои ќе им даде финансиска поддршка, но голем дел од реномирани македонски уметници не се најдоа на листата. За дел од нив ова претставува културен геноцид, а причините ги лоцираат во нивното јавно критикување на работата на Министерството.

Дел од авторите најавија дека ќе ја искористат законската можност за да ја обжалат одлуката на Министерството. Оттаму вчера реагираа дека програмата за култура е донесена согласно законските прописи.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини