Денеска  СДСМ поднесе Кривична пријава против Никола Груевски, за сторено кривично дело оддавање службена тајна.

„Груевски на вчерашната прес конференција изнесе податоци коишто, според Груевски, произлегуваат од содржини на применети посебни истражни мерки.

Воедно, во Кривичната пријава се пријавени и НН лица од МВР, Судот и Обвинителството кои имале допир со материјалите од посебните истражни мерки, со што и тие учествувале во достапноста на овие материјали во јавност, за што постои кривично дело и кај нив“, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Слични содржини