Нашите оставки, како министри и дополнителни заменици министри, поднесени до техничкиот премиер од ВМРО-ДПМНЕ не беа констатирани, спротивно на нашата волја.

Денеска, Владата предводена од техничкиот премиер на ВМРО-ДПМНЕ направи ново прекршување на Договорот од Пржино. Донесе против законска одлука за поништување на сите правни акти на министрите, донесени пред поднесување на оставките.

oliver1.kpg

Со ваквата одлука, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги прават изборите невозможни бидејќи ова е техничка влада за спроведување на фер избори. Сите одлуки поврзани со изборите мора да бидат потврдени од опозицијата.

Ова е директна потврда и доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ немаат никаква намера да организираат регулатни, фер и демократски избори.

Почитувани граѓани,

Покрај овој правен и политички хаос што намерно го создаваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ние до крај ќе ги штитиме вашите интереси, во целост.

Нема да дозволиме овој хаос да биде на штета на вас, граѓаните.

Ќе ја гарантираме вашата безбедност, ќе ги потпишуваме исклучиво документите поврзани со вашата сигурност, исплата на плата, пензија, социјална помош, и на се она што по Устав и Закон ви следува.

Ниедна одлука усвоена од оваа Влада, којашто наместо регулрани има намера да спроведе криминални избори, нема да ја потпишеме и нема да ја спроведуваме.

За излез од длабоката политичка криза во Македонија мора да има слободни, фер, демократски и регуларни избори.

Изборот е или Груевски или Македонија.

 

Одговори на новинарски прашања

 

 

П1: Ќе ги повлечете ли членовите од ДИК?

Ќе донесеме одлука во однос на тоа прашање.

 

П2: Што значи во практика ова? Дали вие кога ќе донесете решение нема да биде спроведено од Владата, бидејќи Владата ги поништи сите решенија?

Не, ова значи сериозен упад во договорот од Пржино. Ова значи дека сите правни акти, решенија коишто биле донесени досега, спротивно на закон биле поништени од Влада, била доставена информација од дополнителен заменик –министер, спротивно на закон затоа што нема такви овластувања и едноставно претставува упад во системот. Ова е насилие врз државата и државните органи коишто го спроведува Владата и Премиерот.

 

П3: А, зошто тоа сега го прават, зошто досега не го правеле?

Веројатно, проценуваат дека институции коишто не им се под контрола им прават сериозна штета и тоа го прават потценувајќи ги граѓаните на Република Македонија и сите останати. Мислат дека на таков начин можат нешто да спасат, што може да се спаси од нивната кожа и се понатаму.

 

П4: Г-дине, Спасовски, дали овие поништени одлуки се работи за одлуки коишто се поврзани со организацијата на изборите, или се работи за други одлуки коишто можеби немаат поврзаност со изборите?

Апсолутно се работи за одлуки коишто немаат никаква поврзаност со изборите.

 

П5: Како го коментирате соопштението денеска?

Како изговор за разговор со македонската јавност. Тоа е соопштение едно коешто не се базира на ниту еден член од закон во којшто укажува дека одлуките се поништени заради тоа што, не биле потпишани од дополнителниот заменик министер. Законот е многу јасен и прецизен, членот 46 и 77 од законот за Влада којшто укажува дека, дополнителниот заменик министер има надлежност да потпишува акти коишто се однауваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со изборите. Доколку таков акт биде потпишан само од едниот, односно од министерот без одобрение од дополнителниот заменик министер,  таквиот правен акт нема правна важност. Меѓутоа ако тоа се случи, дополнителниот заменик министер има право да поднесе барање до ДИК  и ДИК да одлучи дали одредено прашање е поврзано со изборите или не. На овој начин, Владата направи удар и врз работата на Државната изборна комисија, заради тоа што превзема активности, покрај што ги превзема надлежностите на министрите, превзема надлежности и од Државната изборна комисија. Тоа покажува дека оваа Влада ништо не сменила во однос на однесувањето во сите овие 10 години. Се да има под контрола, се да има во свои раце, и притоа да носи незаконски одлуки.

 

П6: Дали тоа значи дека вие сте единствен овластен како министер кој може да нареди каде ќе бидат или дали ќе бидат распоредени специјалните единици на МВР. Тоа значи сега Владата ја презеде контролата врз нив или сака да ја превземе?

Видете, после ваква одлука, барам и јас одлука и од техничкиот премиер Емил Димитриев и од Владата. Дали ги презеле или не ги презеле овластувањата? Ние поднесовме оставки многу чесно, заради тоа што сметавме дека треба да поднесеме оставки и понатаму да ги оставиме сами да ги водат институциите.

Тие од неразбирливи причини, за мене, и министерката за труд и дополнителните заменици министри, спротивно на нашата волја, не тераат да останеме во рамките на владата.

Единствен којшто ги има сите овластувања за раководење со Министерството е министерот. Така стои во одредбите во законот за Влада. И никој повеќе. Ако Собранието на Република Македонија даде овластување на било кој друг, премиерот, министер, итн, да раководи со нашите ресори, тоа може да го направи. Ова денеска не е таков случај. И затоа и мене и на сите нас ни треба објаснување од оваа Влада и од овој премиер како понатаму.

 

П7: Ќе се обратите ли до Државната изборна комисија бидејќи ова е во рамките на изборните активности?

Јас не можам да се обратам, заради тоа што, само дополнителниот заменик министер којшто смета дека одлуката што е донесена е поврзана со изборите, а тој не ја потпишал, има право да се обраќа. Јас не приговарам на одлука којашто е крајно без правни аргументи и спротивно на закон донесена на Влада. Овде веќе не станува збор за право и за правно носење на одлуките. Дополнително што за шест од одлуките којшто јас ги имам за промена на началници имам одлука на Управен суд во моја корист, каде што се отфрла тужбата на дополнителниот заменик министер. Меѓутоа, овде не станува збор за право. Овде станува збор за насилие на Владата врз државните органи. Насилие коешто го прави врз граѓаните на Република Македонија и коешто продолжува да го прави и понатаму.

 

П8: Господине Спасовски, две прашања. Дали доколку се одржат избори во јуни МВР е подготвено за изборите и дали тоа значи дека одлуката на владава ги суспендираше вашите решенија коишто ги потпишавте ден пред да ја депонирате оставката?

Тоа значи дека двете прашања ќе мора да му ги поставите на Емил Димитриев да ви објасни за надлежностите на МВР.

 

П9: А дали е подготвено МВР ако има избори?

Ќе го прашате Емил Димитриев.

 

Слични содржини