На седницата закажана за утре, Уставниот суд има можност да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство.

Еве шанса Уставниот суд барем еднаш да покаже дека правото и правната може да им бидат поважни од исполнувањето на желбите на Никола Груевски.

Одговорноста за владеењето на правото и еднаквост на сите граѓани пред законот е многу поголема.

-суд-да-покаже-дека-правдата-може-да-им-биде-поважна-од-желбите-на-Груевски

Станува збор за тоа дали Македонија ќе ја надмине политичката, општествената и правната криза во којашто се наоѓа.

Оттука, приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО.

Борбата против криминалот и корупцијата, правдата и правото не смеат да бидат под каква било закана.

Одбројувањето не го премислува Уставниот суд за СЈО

Непречена работа на единствената независна институција којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата мора да биде обезбедена и гарантирана.

Граѓаните да бидат сигурни дека пред законите се сите еднакви, и граѓаните и политичарите.

За излез од длабоката политичка криза потребно е итно да се обезбеди владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни фер, демократски и кредибилни избори.

Слични содржини