Со одлуката на петте партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд, Никола Груевски ја призна вината на своите најблиски соработници за изборните измами.

 

Изборните грабежи и партизираните институции беа главните причини за политичката криза.

 

Дали ваквата одлука на Уставен суд се носи со намера да се заштити Никола Груевски?

-суд-ги-потврди-изборните-измами-на-Груевски

Највисоки претставници на партијата на власт се веќе осомничени за злостроничко здружување за изборна измама. Потврдено и од Специјалното јавно обвинителство со покренатите постапки.

 

Очигледно дека некој во врвот на ВМРО-ДПМНЕ многу добро знае за што се покренати постапките.

 

Затоа Груевски мора да се изјасни дали тоа е правено по негов налог.

 

Затоа Никола Груевски се плаши од правдата.

Пендаровски: Секое еднострано закажување на избори не е добро за Македонија

Јавно предупредуваме дека СДСМ и граѓаните нема да дозволат на ваков начин ниту да се штити изборен криминал ниту да се превенира нечија намера за повторен изборен грабеж.

 

Во Македонија ќе има слободни, фер и демокартски избори, со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми.

 

Секој што го прекрши законот ќе одговара.

 

Слични содржини