Денеска објавуваме уште еден случај, уште една потврда зошто партиските послушници на Никола Груевски во Уставниот суд немаат морален кредибилитет да одлучуваат законски и непристрасно.

Против Илија Ивановски, брат на судијата во Уставниот суд, Никола Ивановски, во 2013 година е поднесена кривична пријава.

Кривичната за Ивановски е поднесена врз основа на член 398 од Кривичниот законик, што подразбира казна за кривично дело „неовластено организирање комар или друга игра на среќа што е забранета“.

silegov

До денеска, иако поминаа три години, за оваа кривична пријава не се знае ништо.

Каде е заглавена кривичната пријава за Ивановски три години?

Јавноста со право прашува дали намерно се држи во нечија фиока кривичната пријава за да се испорачуваат партиски налози од ВМРО-ДПМНЕ?

Кај судиите Гошева и Јосифовски постои конфликт на интереси.

Очигледно кај судијата Ивановски постои многу повеќе од конфликт на интереси.

Интерес на сите граѓани, интерес на Република Македонија, е правда и владеење на правото.

Затоа денеска граѓаните масовно ќе излезат во одбрана на правдата, во одбрана на вистината, во одбрана на уставниот поредок во Република Македонија.

Почитувани граѓани, почитувани правници, студенти, професори, сите, денеска, 18 часот, од пред Влада преку Собрание до пред Уставен суд, мирно и достоинствено да излеземе во одбрана на Уставот.

Сите, под знамето на Македонија, заедно, за демократска Македонија!
П1: Како го коментирате тоа што еве за вечерва се организираат и контра-протести, веќе се поставуваат и шатори?

ПШ : Па сега веќе се е јасно . ВМРО-ДПМНЕ и фактички го окупираше Уставниот суд на Република Македонија. На ВМРО-ДПМНЕ очајно му е потребно да оваа иницијатива, којашто тие ја стимулираат успее. Очигледно дека Никола Груевски е свесен за своите криминали и криминалите на неговите најблиски соработници и очигледно дека се тие оние кои стојат зад целата оваа постапка којашто се води пред Уставниот суд

П2 : Стравувате ли од судири?

Ние повикуваме секогаш на мирен и достоинствен протест. Ова е во најмала рака смешно што го прави ВМРО-ДПМНЕ пред Уставниот суд во текот на денешниот ден нема да не поколеба ниту нас, ниту граѓаните да го искажеме својот револт и да ја кажеме нашата заложба за владеење на правото и правната држава. Во оваа држава мора да има ред , во оваа држава мора да има закон. За криминалите мора да се одговара

П3: Груевски се огради од Уставниот суд и рече дека тој и тогаш имал став дека е уставна одредбата и сега истиот став го дели, за разлика од вас коишто сте го смениле мислењето?

Груевски се оградува секогаш јавно од една работа, меѓутоа тајно и подземно работи на реализација на она што е негов политички интерес. Негов политички, меѓутоа и личен интерес е да се заштити од криминалите. Факт е дека Никола Груевски и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе од половината се осомничени за изборен криминал и дека тие се единствените луѓе на коишто во овој момент им одговара било каква амнестија по однос на кривични дела за изборен криминал . Повеќе од очигледно , сите знаат веќе и денеска ова нивно поведение покажува дека токму ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски стојат позади оваа иницијатива за укинување на овој дел од законот.

П4: Дали овој пример денеска што го споменавте против судијата подносител на предлогот во Уставниот суд кој го прифатил барањето на адвокат од Охрид за оценување на уставноста?

Она што ние го тврдиме во изминатиов период и што ќе го тврдиме во иднина е дека во овој персонален состав на Уставниот суд не станува збор за стручни и професионални луѓе коишто до тие позиции највисоки во правото се дојдени заради својот професионален интегритет туку дека станува збор за голи партиски послушници коишто се таму седнати да испорачуваат партиски барања на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини