Повеќе од 1.000 рудари останаа без работа откако рудниците за олово и цинк Добрево и Тораница, сопстственост на индиската компанија „Индоминерали и метали“, отидоа во стечај.

Многу од рударите коишто останаа без работа и без егзистенција, се задолжени со кредити и неплатени сметки како последица на неисплатените плати со месеци.

За жал Никола Груевски ги остави рударите сами, ги остави да се снаоѓаат како знаат и умеат.

 

-ТОРАНИЦА-СТЕЧАЈНА-ПОСТАПКА
Власта на Груевски немаше слух за нивните маки и проблеми со коишто се соочуваа пред да се прогласи стечај. Исто и сега. Груевски не се грижи за рударите коишто се на улица.

Откако беше прогласен стечај рударите не го добиваат месечниот паричен надомест којшто им следува по закон и и немаат здравствено осигурување.

Рударите поради погрешните политики на Груевски станаа стечајни работници а сега неможат ниту да го остврат своето право на здравствена заштита.

АВМУ уште од старт не ги почитува измените на Изборниот Законик, не постоеле начини за мониторирање на инт. порталите

Го повикуваме Груевски да излезе и јавно пред нив да каже како овие 1000 семејства да ги подмират трошоците за тековно живеење и сметки, како да ги издржуваат своите ученици и студенти и што ќе имаат на своите трпези за Новогодишните и Божикните празници.

Рударите мора социјално да бидат згрижени, а не загрижени и очајни.

Никола Груевски со години мислеше само на бизнис интересите на фамилијата заедно со својот братучед Сашо Мијалков. Сега наместо да се крие треба да излезе пред граѓаните и пред рударите и да одговори зошто си замина овој инвеститор од Македонија којшто беше најавуван како една од најголемите странски инвестции?

Никола Груевски лажно ветува виртуелни проекти и виртуелни инвестиции додека во реалноста странските инвеститори ја напуштаат земјава.

Затоа граѓаните имаат една заедничка идеја: Збогум Никола!

Слични содржини