(ВИДЕО) Се појави снимка од сообраќајната несреќа на Леонардо ди Каприо

од Vladimir Zorba

По веста дека Леонардо ди Каприо е вмешан во сообраќајна несреќа, патувајќи со својата пријателка – моделот Нина Агдал, се појави и видео во кое се гледа како точно се случил патниот инцидент.7a69190e360affa643a4d5ade1721ed6

На снимката се гледа како актерот подава рака на шоферката од другиот автомобил – Mini Cooper кој имал судир со неговиот Range Rover.

Ди Каприо исто така го разгледува оштетениот автомобил и разговара со сообраќаен полицаец. Актерот ја направи сообраќајката на 21 август.

Нема повредени во инцидентот, а ѕвездата дури ѝ помага на жената, на која ѝ се слошило.

Еве го и видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=t89pbFKIdLA

Слични содржини