(ВИДЕО) Сензација: Поранешната љубовница на Ким Џонг-Ун, за која се зборуваше дека е убиена поради порно, изненадувачки се појави во Сеул!

од desk4

Севернокорејска ѕвезда за која се тврдеше дека е стрелана од режимот, е на чело на делегацијата на Пјонгјанг, која пристигна во Јужна Кореја. Хон Сон-Ул е пејачка, за која се тврдеше дека е љубовница на лидерот Ким Џонг-Ун.

Медиумите низ целиот свет во 2013 година објавија дека Хон била стрелана откако го налутила лидерот на народната република.

Нејзиното појавување изгледа предизвика голем интерес во Јужна Кореја. Многу аналитичари истакнаа дека историјата на пејачката покажува колку понекогаш се искривуваат информациите, кои пристигаат од Северна Кореја.

Инаку, тогаш во веста се посочува дека уште во 2013 година, а во 2015 година се појави порно видео, поради што Хон љубовницата на Ким Џонг-Ун, наводно беше стрелана.

Сепак во мај 2014 поранешната девојка на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун – Хон Сон-Ул, се појави на телевизискиот екран во земјата, само неколку месеци откако беше објавено дека по државна наредба таа и уште 11 музичари биле егзекутирани

Националната телевизија на Северна Кореја тогаш емитуваше кадри во кои пејачката говори на собир на државните уметници во главниот град Пјонгјанг, посочува Business Insider.

31-годишната Сон-Ул е поранешна девојка на лидерот Ким Јонг Ун.

Се тврди дека двајцата се разделилет на инсистирање на претходниот лидер на Северна Кореја и неговиот татко Ким Џонг-ил. Во својот говор, таа во етерот на телевизијата изрази благодарност кон режимот на Ким Јонг Ун и се зарече дека нејзината работи е повеќе од зајакната и со тоа се запали пламенот на уметноста и креативниот труд.

Во август 2013 година јужнокорејскиот весник од блиски врски извори од тајните служби на Северна Кореја Чосун илбо соопшти дека Сон-Ул и уште 11 познати изведувачи на Северна Кореја биле јавно стрелани, откако биле прогласени за виновни за произведување и дистрибуција на порнографски материјали.

Изданието посочи дека некои од нив биле обвинети и за поседување на Библијата, која е забранета во Северна Кореја. Подоцна роднините на егзекутираните биле преместени во политички затворски камп.

Сон-Ул е солистка на познатиот во Северна Кореја оркестар Унхасу, кој свири популарни патриотски песни. Нејзината најпопуларна песна е насловена како Одлична дама со коњ.

Слични содржини