13181194_10153963997929733_1766665859_n-860x680

Тема на денешните протести на „Шарената револуција“ беше аболицијата и граѓаните протестот од Специјалното јавно обвинителство го продолжија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов. Вечерва демонстрантите порачаа дека не ја признаваат „фикус-аболицијата“.

Тие беа пресретнати од кордон полицајци на крстосницата на улиците Ацо Караманов и Партение Зографски. Таму демонстрантите го открија, како што рекоа, „споменикот на Хорхе од Паљурци“, по што фрлаа со боја по ликот на претседателот.

13228041_10207947051686926_1510591177_n

Во знак на негодување поради одлуката на претседателот за аболиција, демонстрант со маската на Анонимуси запали и неколку фотографии од Иванов.

13220157_10153963958154733_1905938006_n 13219914_10153964032934733_1599528325_n 13219704_10153963973669733_908506592_n 13162227_10153964136664733_740779666_n

Пред граѓаните, кои бараа оставка од претседателот, беа пуштани и „бомбите“ што мината година ги објави опозицискиот СДСМ, а во кои, според тогашното појаснување на лидерот на партијата, Зоран Заев, се зборува за договарање провизии и за добивање тендери.

Пуштена беше и аудиоснимката од разговорот на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, и од разговорот меѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во кој тој вели „Ние сме лудаци, немаме за леб, а трошиме за чоколадо“.

Пред насобраните граѓани се обрати аналитичарот Рамадан Рамадани, кој порача дека граѓаните не го признаваат Иванов за претседател бидејќи е нелегитимно избран. Тој побара негова оставка и порача дека нема да се престане со барањето за повлекување на одлуката за аболиција и дека граѓаните ќе продолжат да протестираат сè додека не се оствари оваа цел.

Денешниот протест доби поддршка и од други градови во земјава, а граѓаните на Куманово потсетија на минатогодишниот настан во Диво Насеље, во кој загинаа осум припадници на полицијата. Тие порачаа дека сценаристите и режисерите на тој настан треба да одговараат за велепредавство на народот, а не да делат награди за успешно завршена работа. /извор Мета

Слични содржини