baloni

 

Стотици граѓани со свирчиња, знамиња, транспаренти и шарени балони се собираат пред Специјалното јавно обвинителство од каде ќе започнува протестот.

Тој денеска е фокусиран на корупцијата. Демонстранти целосно му даваат поддршка на СЈО, институција, која според нив, треба да го расчисти проблемот со распространетата корупција, која поѓа одна највисоко државно ниво. Во најава за денешниот протестот на социјалните мрежи се наведува:

„Слушнавме како се употребуваат јавни институции за партиски цели. Како режимот користи инспектори за да се пресметува со противници. Како се договараат огромни провизии. Сето тоа е корупција. Корупција значи иструленост и расипаност. Корумпирани институции значат иструлени институции. Институции кои не работат за граѓаните, туку против граѓаните. Во сето ова време, откако слушнавме за раширената корупција, Државната комисија за спречување на корупција молчеше. Денес ќе ги „поздравиме“ за овој нивен молк и ќе побараме одговорност“, се вели во најавата за протестот./ видео+фото Мета

Слични содржини