На почетокот од целиот процес ветивме дека овојпат прво ќе инстистираме да има услови за фер и демократск избори, а потоа да има датум за изборите. Тоа овој договор го обезбедува.

Дополнително, ветивме дека сите еднострани потези кои ги повлече владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе мора да ги повлечат. Тоа исто го обезбедува овој договор. Владата договорена во Пржино, односно преодната влада, која им за цел да организира фер и демократски избори ќе се врати, а законот за внатрешни работи кој што беше голем проблем во преговорите ќе биде одложен до следната година. Ваквиот договор обезбедува услови Република Македонија да заврши со оваа криза која ни однесе многу време и енергија и треба да обезбеди услови за фер избори.

Сите услови за обезбедување за фер избори, вклучително балансиран и целосен пристап на учесениците во медиумите, чистење на избирачкиот список, учество во преодна влада, учесниците ќе треба да ги потврдат на крајот на август.
Со ова ќе ставиме крај на овие неколку кризни години но исто ќе ставиме и крај на владеењето на Груевски.

Доколку до 31 август сите услови се исполнети тогаш се отвора можност до крајот на годината да се одржат изборите, рече заменикот претседател на СДСМ, Радмила Шеќеринска по постигнатиот договор во Клубот на пратеници./извор а1он

Слични содржини