(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ ќе потроши 3,5 милиони евра народни пари, трампа во која се крие сомнителна бизнис зделка

од Vladimir Zorba

foto-shilegov-gi-ismea-policajcite-koi-ja-branat-drzhavata-262578

ВМРО-ДПМНЕ планира да потроши 3,5 милиони евра, пари на граѓаните за набавка на стара и нефункционална зграда за потребите на ЈП „Комунална Хигиена„, информира а1он. „Во најавената трампа на имот со фирмата Унитајарс Сити на која треба да и бидат доплатени овие 3,5 милиони евра се крие сомнителна бизнис зделка во која ќе бидат оштетени граѓаните„, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој истакна дека за оваа зделка нема ниту економска, ниту било каква друга оправданост.

– Согласно овој договор, ЈП Комунална хигиена треба да доплати 3,5 милиони евра за административна зграда во руинирана состојба, а да отстапи атрактивен деловен простор во центарот на Скопје. При тоа, не се решава горливиот проблем со паркирањето на возилата на ова јавно претпријатие. Згора на се, за паркирање на овие возила, ЈП Комунална хигиена ќе продолжи да плаќа месечна закупнина во износ од 12.000 евра токму на Унитајарс Сити, рече Шилегов.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини