(ВИДЕО) Што е договорено за употребата за Албанскиот јазик?

од desk2

Собраниските седници ќе може да се водат и на Албански јазик. Сите донесени закони ќе бидат двојазични. Во Владата, министрите-Aлбанци ќе можат да говорат и на својот мајчин јазик. Судските постапки, ако во нив учествува албанец, ќе бидат двојазични. Истото важи за информативните табли на државните институции и сообраќајните знаци. Овие решенија се дел од Нацрт-законот за употреба на aлбанскиот јазик што го договорија СДСМ и ДУИ, како услов за натамошните преговори за коалицирање, информира Телма.

Денарот, полициските и армиските амблеми, химната, знамето и другите прашања за чие решавање е неопходно дво-третинско мнозинство и менување на Уставот, не се дел од овој нацрт закон. Од двете партии велат дека се што е договорено е во согласност со Уставот.

Пошироката употреба на албанскиот јазик на целата територија на земјата беше клучно барање на партиите на албанците. Нацрт-законот беше подготвен од ДУИ во соработка со Алијансата, по што СДСМ го разгледа и им достави забелешки. Конечниот текст синоќа беше усвоен од Централното претседателство на ДУИ./извор Телма

Слични содржини