ВИДЕО: Што се случуваше со Трамп за време на неговиот говор за Ерусалим?

од desk2

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим го следеше целиот свет, а внимание предизвика и тоа што претседателот тешко изговараше некои зборови.


Тоа беше причина за да се појават шпекулации дека Трамп има здравствени проблеми, па американските новинари бараа објаснување од претставниците на Белата куќа. Тие објаснија дека на претседателот за време на говорот му се сушело грлото и дека не е во прашање ништо посериозно.

Според некои теории Трамп имал проблеми со забните протези, но од Вашингтон уверуваат дека се е во ред.

– Му се исуши грлото, не е ништо сериозно. Знам на што целите, но повторувам, тука нема никаква приказна, изјави портпаролот на Белата куќа Раџ Шах за Лос Анџелес тајмс.

Медиумите потсетуваат дека Трамп слични проблеми имал и пред неколку месеци, но дека говорот му се поправил откако се напил вода.

https://twitter.com/GuardianRover/status/938480870863790081

Слични содржини