Вооружената сириска опозиција не треба да биде нарекувана умерена по егзекуцијата на рускиот пилот, изјави сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем по средбата со претседателот на рускиот парламент, Сергеј Наришкин, пренесоа агенциите.

Како може една опозиција да се смета за умерена откако застрела пилот за време на неговото катапултирање со падобран, посочи Муалем.

SIRIJA
Тоа е воено злосторство, рече тој и додаде дека Сирија жали дека терористи кои се поддржани од турското раководство, го застрелале пилотот. Многу сум среќен што вториот пилот бил спасен, додаде министерот.

Дипломатот број еден на Сирија, посочи дека активностите на Русија за уништување на позиции на забранетата на руска територија терористичка група “Исламска држава” се “навреда” за Турција.
Напорите на Русија за уништување на позиции на ИД, на Џебхат ан Нусра и на други терористички групи го навредиле во извесна смисла раководството на Турција, и ете зошто таа на таков агресивен начин го наруши суверенитетот на Сирија и го нападна рускиот авион на сириска територија, истакна министерот.

Раководството на Турција се навреди дека воздушно-космичките сили на Русија кои го уништија она од што се финансираат терористичките групи, а Ердоган се нервираше од тоа дека сириската армија успешно напредува во голем број области на Сирија, особено во северната провинција Хама.

Падна одлука на ГШ на Русија, најсовремени ракетни системи С-400 “Триумф” се распоредуваат во Сирија

Успесите на сириската армија ги уништуваат сите амбиции на Ердоган за Сирија, истакна Муалем. Според него инцидентот со рускиот авион му покажал на целиот свет дека Ердоган и целото турско водство им помагаат на терористите на територијата на Сирија.
Муалем изјави дека Русија прави во борбата против тероризмот во Сирија сто пати повеќе отколку коалицијата предводена од САД.

На пресконференцијата Муалем увери дека Дамаск ги исполнил сите обврски по уништувањето на хемиското оружје, кои ги поседувала Сирија, пренесоа агенциите.

Конечно Муалем изјави дека датумот на средбата на сириското раководство со претставници на сириската опозиција ќе стане позната по руско-сириски преговори на ниво министри за надворешни работи. Муалем ќе има средба со Сергеј Лавров на 27 ноември.
По повод виенските средби за Сирија дипломат број еден изјави дека Дамаск не верува во искреноста на САД и на Турција за решавање на сириската криза. Што се однесува до политичкото решавање на кризата во Сирија, ние веруваме во него, но кога ги гледаме средбите во Виена, можеме да видиме дека учеството во нив на САД, Саудиска Арабија, Турција и Катар ги зголемува нашите сомневања во нивната искрена желба за решавање на прашањето , посочи Муалем.

Во меѓувреме командантот на туркменскиот одред, Алпаслан Селик, се пофали дека тој го убил рускиот пилот од авионот Су-24. Тој е турски државјанин и член на групата „Сиви волци“.
Селик најави дека пукал во руските пилоти за време на нивното слетување со падобран.
– Тие беа застрелани во воздухот додека се спушта со падобрани, објави Селик.
Тој се претставува како сириски туркмен, кој оперира во северозападниот дел на земјата. Малцинството на туркменистански сиријци што живеат во северниот дел на земјата, се дел од противниците на режимот на Башар Асад, кој од своја страна е поддржан од Русија.
Турски извори сепак велат дека Селик всушност не е туркмен, туку турски државјанин, роден во вилаетот Елјазог, кој се наоѓа во централниот дел на земјата.
Припадноста на Селик кон турската група „Сиви волци“ се потврдува со фотографии објавени на социјалната мрежа „Твитер“.

„Сиви волци“ се младинска организација на ултрадесничарската и нацистичка националистичка „Партија на националното движење“.Тие од своето постоење се одговорни за неколку напади, како најпознат случај е нивното учество во обидот за атентат врз папата Јован Павле II. Поглаварот на Римокатоличката црква тогаш беше нападнат од Мехмед Али Агџа, член на „Сиви волци“.

Слични содржини