Еден од двајцата пилоти кои се катапултираа откако нивниот борбен авион беше урнат од турски-ловец Ф-16 е спасен откако го пронашла сириската армија, соопшти рускиот амбасадор во Франција.

siriskavojska1

 

– Еден од двајцата пилоти бил ранет кога со падобранот почнал да се спушта и убиен е на крајно варварски начин од страна на џихадистите во таа област. Другиот пилот успеал да побегне.

Според последните информации спасен е од страна на сириската армија и веќе е на пат кон руската база, изјави амбасадорот Александар Орлов за Европа 1 радио, пренесува БТА.  Оваа информација ја објави и либанската телевизија „Ал Мајден Њуз“, која тврди дека сириските сили го обиколиле пилот кога се приземјил, го чувале два часа пред да дојде спасувачкиот хеликоптер и го одвел во руската база Хмејм во Латакија. Спасувачката операција траела околу шест часа.  Телевизијата ANNA-News објави ексклузивна снимка од спасувањето на рускиот војник.

https://www.youtube.com/watch?v=ROgOqqeQAL4

Слични содржини