(ВИДЕО) Сириски тенк Т-90 брка џихадисти на ИД во пустината

од Vladimir Zorba

На социјалната мрежа Твитер беше објавено видео на кое тенк на сириските вооружени сили брка милитанти на “Исламска држава”, соопшти руското издание “Лента”.

Тенкот Т-90 им бил зад петиците на џихадистите во пустината источно од градот Палмира, кој се наоѓа во централниот дел на Сирија, која веќе седма година е во војна.

Агенција Сана соопшти дека на 23 јуни во провинцијата Хомс (каде се наоѓа и Палмира) владините сили на Башар Асад убиле голем број терористи кои нападнале воени позиции.

Тенкови Т-90 беа обезбедени од страна на сириските вооружени сили од најблискиот сојузник на Башар Асад – Русија. Неколку од нив се во рацете на сириската армија. Војната во Сирија влезе во својата седма година.

Од почетокот на конфликтот милиони се убиени или повредени, а огромен дел од сириското население ги напушти своите домови.

Слични содржини