Во вечерашните вести на Сител телевизија, можност да се заканува на сите кои мислат различно од него, доби миленикот на власта, Миленко Неделковски, во чии емисии редовно гостува премиерот Никола Груевски. Ќе има ли реакција од Агенцијата за аудиовизулени услуги?

milenko500_thumb_medium380_0

Тој синоќа  се надмина себеси, па упати невидени досега закани за закопување на „предавници“, за бетонски плочи…

Неискусниот репортер го остави слободно да ги искаже сите овие закани, а уредникот и  водителот на вестите, Валентин Николовски не се уфрли да ја прекине заканата  и говорот на омраза , туку мирно остави да си тече разгворот . Тој на крајот на вклучувањето само напомена во дилема ако имало нешто непримерно,  до колку имало дека се оградува од речникот на Неделковски. Првин го остави да каже се а потоа беше одглумено оградувањето.

Провладините портали  со восхит ги споделуваат заканите на Миленко, а истите наидоа на голема осуда од граѓаните на социјалните мрежи, и од непрофесионалноста на Сител ТВ , особено јавна закана  и повик за убиство преку национална телевизија за што се очекува  реакција на Агенцијата за радиодифузија. Едно од главните прашања кое јавно се поставува  , чија ќе биде на крајот одговорноста за ваквиот пристап на јавен медиум, и ваквиот одиум на поделби на патриоти и предавници, на „бранители на Македонија“, ако се тоа доведе до судири и убиства меѓу граѓаните?

Слични содржини