(ВИДЕО) СЈО има добар предлог за измена на законот за заштитени сведоци, но нецелосен сметаат експертите

од Vladimir Zorba

sjosvedoci

Предлогот на СЈО за измена на законот за заштитени сведоци е добар но нецелосен, сметаат дел од експертите. Јавната обвинителка бара таа да може сама да одлучи кој ќе биде вклучен во програмата за заштита на сведоци, за да се ограничи кругот на луѓе што го знаат идентитетот со што ќе се гарантира безбедноста, информира Телма.

Сепак според програмата за безбедноста на сведокот се грижи МВР, менувањето на неговиот идентитет исто така го спроведува ова министерство, со што повторно се остава простор за голем круг на луѓе да знаат кој е заштитениот сведок. Според поранешниот претседател на скопскиот апелационен суд Јордан Митриноски ефикасноста на целиот закон е доведена во прашање.

И покрај ова експертите се убедени дека во законот мора да се интервенира со она што го бара Јанева затоа што во спротивно ќе се задира во нејзината автономност.

Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини