701
Скопскиот состав познат по живите свирки веќе долги години како дел од ноќниот живот на главниот град, го промовираше својот прв видео спот, заедно со својата нова песна.
Песната е насловена “Најмил мој”, а текстот е на вокалот Светлана Јовановска-Трајковска. Музиката е на Зоран Костадиновски, додека аранжманот на целиот состав, а мастерингот на Александар Масевски.
За видеото на овој весел летен хит се погрижил Александар Ристовски-Принц.
Бендот инаку е сочинет од: Светлана Јовановска-Трајкоска – вокал, Зоран Костадиновски – гитара, Виктор Николовски – бас гитара, Благојче Пенов – тапани и Горјан Стојменовски – гитара.