Холандскиот новинар Марсел Ван Дер Стил во јавувањето за вестите за Skу News кажа дека граѓанскиот протест кој се одржа пред Владата во Скопје имал погoлема поддршка и бројност, отколку тој на ВМРО-ДПМНЕ.
Скај Нјуз во извештајот кажува дека на протестот пред Владата според него имало до 50.000 луѓе, а официјално бројката била околу 100.000 луѓе, додека според него на собирот на ВМРО-ДПМНЕ сепак имало помалку луѓе отколку на протестот претходниот ден.
Според него, имало различна атмосфера, протестот пред Владата бил како фестивал во сончев ден, многу луѓе играле, можеле да се видат различни знамиња -македонски, албански, босански, бугарски, српски, додека на собирот на ВМРО-ДПМНЕ имало милитирастички и религиозни симболи, и извици дека ќе се одбрани Македонија.

Слични содржини