(ВИДЕО) СНЕГОТ НАПРАВИ ХАОС: Стотина судири на улиците

од desk2

Повеќе од 250 сообраќајни несреќи се случија за помалку од 24 часа на улиците во Владивосток, откаков падна првиот овогодишен снег.

Друштвените мрежи се преплавени од фотографии од жителите на Владивосток, кои забележале огромен број на судири.

Дури 256 сообраќајни несреќи се случиле вчера во градот на истокот на Русија, откако снег ги завеа патиштата.

За среќа, како што пренесува РТ, нема жртви, но осум лица поради повреди се пренесени во болница.

На интернетот веќе се објавени голем број на фотографии и снимки на кои се гледаат очајни обиди на возачите да ги запрат своите автомобили на лизгавите коловози, како не би удриле во друго возило или ѕид, а некои дури и со раце спречуваа судири.

https://twitter.com/_BigTool4You/status/931448495810207744

https://www.instagram.com/p/BblvKA4BMGf/?taken-by=hepard

Слични содржини