Снимки направени со помош на дрон,го покажуваат хаосот со бегалците на границата меѓу Србија и Унгарија. Тие го снимиле моментот во кој бегалците беа одвратени со солзавец од полицијата вчера.

Кадрите ги покажуваат и размерите на ѕидот, создаден да ги држи надвор од границите на Унгарија.

Видеото, снимен од “Меил Онлајн”,ги покажува облаците од солзавец и спреј фрлен од унгарската полиција, за време на судирот со бегалците.

DRON

Снимките даваат поглед од птичја перспектива на ситуацијата на 175-километарската бариера по унгарската граница, наречена новата железна завеса, подигната со решение на унгарскиот премиер Виктор Орбан, за да не се дозволи на бегалците да влезат во земјата.

Унгарија ја затвори границата со Србија пред неколку дена. Од тогаш тензиите почна да ескалираат.

Импровизиран камп со околу 3.000 луѓе вчера се организира пред новата ѕид до Хорош во Србија, покажуваат податоците на Агенцијата на ОН за бегалци. Некои од нив заминаа кон западната граница на Србија со Хрватска, кадрите пак ги покажуваат стотиците други семејства кои сеуште се наоѓаат во кампот.

По денови со молби да бидат пуштени преку границата, бегалците вчера и се обидоа да ја пробијат барикадата. Единици на унгарската полиција за борба со безредијата се обидоа да ги спречат со солзавец и водени топови.

Слични содржини