(ВИДЕО) Со органска храна, валандовчани против рудници во нивниот крај

од Vladimir Zorba

Валандово е рудник на здрава храна не му требаат други рудници, информира ТВ24. Ова е пораката што ја испратија валандовчани од Фестивалот на органска храна и локален економски развој на кој се анимираа придобивките од земјоделството наспроти бенефитите од рудникот Казандол, Валандочани на повеќе штандови го презентираа органското производство и преработките од него.

„Имаме органски сушени јапонски јаболки, калинки, кајсии. Ова ни е богатство и некој сака ова богатство да ни го земе. Мора да го кренеме гласот да го зачуваме ова богатство“ – вели Димче Балески, Органски производител.

„Ако не го зачуваме од загадување, тешко ни се пишува и на нас и на идните генерации“ – вели Ванчо Гошевски, органски производител.

Каде има рудник на долг рок не може да опстојува земјоделството тврди д-р Ристо Вучков кој беше еден од панелистите на трибината за или против рудници. Според него отварање рудници ќе има негативно влијание.
„Било каква експлоатација на рудно богатство, ред години потоа тоа подрачје останува загадено. Било какво копање на руда е штетно.“ – вели Ристо Вучков, агроексперт

Инвеститорот треба да понуди повеќе информации на граѓаните за влијанието на Казандол беше дециден експертот по заштита на животата средина Бошко Ников.

Целиот текст и видеото можете да го видите тука

Слични содржини