(ВИДЕО) Сопственичката на МИТ: Оливер Андонов има сериозна дијагноза, Науноски малтретираше студентки

од desk3

 

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов кога беше професор на МИТ донесе боледување со сериозна дијагноза со која не смее да биде ниту професор, ниту министер, обвини сопственичката на МИТ Универзитет, Билјана Апостолова- пренесе А1он.

– Со таа дијагноза не смее да биде професор, а дали таа дијагноза е добра за функцијата која ја има нека си определат институциите во министерството каде што е вработен, рече Апосотолова.

Таа не сакаше да каже за која дијагноза се работи, но предупреди дека и тој и Тони Науноски се заканувале на сите колеги од Универзитетот. Апостолова истакна дека при претресот во нејзиниот дом, полицајците цело време разговарале со Андонов.

Повеќе ТУКА

Слични содржини