(ВИДЕО) Спасовски: Нема да заминувате по ризичните земји, ќе обезбедиме живот во Македонија

од Vladimir Zorba

Изјава за медиуми,
Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во изборна единица 2 и генерален секретар на СДСМ
Куманово, 12.11.20163-7

Почитувани,

Куманово е еден од градовите кој е целосно заборавен од власта. Како што гледате, голем број ветувања на власта остануваат празни ветувања, што е заштитен знак на власта во заминување.2-8

Еден од најголемите проблеми во овој град а воопшто и во Република Македонија и во целосната изборна единица 2, е масовно иселување на граѓаните, а особено на младите луѓе. Многу млади луѓе заминаа во далечните и ризични земји како Ирак и Авганистан и многу семејства живеат разделени. Многу родители се одвоени од своите деца, само да обезбедат подобра егзистенција. Токму затоа решавањето на проблемот со иселувањето е најважна точка во нашиот План за живот во Македонија.

Слични содржини