Убиецот се обидел да се сокрие, откако пукал во главата на бизнисмен.
На мрежата е распространето видео од влегувањето во станот, во кој се бил блокирал и криел осомничен за егзекуцијата на бизнисмен во Москва. На кадрите се гледа како припадници на специјалкците на полицијата влегуваат во станот во зграда на “Шелковски пат”, по што осомничениот се обидува да активира граната Ф-1.
Вработените на органите на редот, сепак го икористиле нивното оружје и го ликвидираат криминалецот.
Операцијата за апсење на осомничениот за убиството на бизнисменот се одржала во ноќта спрема 21 јануари. Органите на редот го деактивирале наводниот убиец кој во средата, 18 јануари, во “Шмитовскиот кварт” неколку пати пукал во главата на бизнисменот. Убиецот избегал со автомобил, кој подоцна бил пронајден напуштен во центарот на Москва