timthumb (1)

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков смета дека не е употребена физичка сила за време на изборот на студентски лидер, информира а1он.

Наредбата за распоредување припадници на Единицата за брзо распоредување ја издал командирот на полициската станица на полициското станишно подрачје на тој простор, а командирот е избран од Советот на општина Центар. Наредбите се носат на тактичко ниво и не треба да се мешаат политичкото и стратешкото ниво, рече Чавков во одговор на прашањето на пратеникот Стефан Богоев.

– Одговорно тврдам дека не е употребена физичка сила, со присуство на полициските структури е обезбедена заштита на младите луѓе независно од која страна биле, рече Чаковов иако снимките го покажуваат спротивното. Тој додаде дека во прва полициска станица во координација со службите на тактичко ниво биле определени единиците кои треба брзо да превенираат судир.

Тој кажа дека командирот на полициската станица ја проценува потребата кога има настани, не раководи со специјалните единици, но, подвлече, може да побара поддршка.

– За овој настан и за претходно споменатите настани во делот на протести или обезбедување протести или во делот на наводна примена на сила од страна на полицијата, тврдам дека полицијата на многу високо професионално ниво се справуваше со овие предизвици, иако според сите информации требаше да бидат воведени во сценарио на конфликт со граѓаните на РМ, изјави од говорницата министерот Чавков.

Целиот текст можете да го прочитате на извор а1он

 

Слични содржини